Дејан Михајловиќ во Бутел Скопје до 2026 година

Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Дејан Михајловиќ стави потпис на нов договор со Бутел Скопје.

Кружниот напаѓач ќе остане во тимот на Бутел Скопје најмалку до 2026 година. Со потписот на Михајловиќ, Бутел Скопје уште еднаш покажува дека смета во иднина на младите македонски ракометари, кои тренерот Кристијан Грчевски успешно ги промовира во првиот тим.

„Најпрвин сакам да и се заблагодарам на управата на Бутел Скопје за довербата што ми ја пружа како млад играч. Бутел е клуб со големи амбиции и одличен проект, среќен сум што го продолжив договорот и што ќе го носам дресот на овој клуб во иднина. Очекувам да напредувам добивајќи минутажа во играта со што би ја оправдал довербата на тренерите и управата на клубот“, – изјави Дејан Михајловиќ.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести