Екипата на Македонија Ѓорче Петров, која има високи амбиции за новата сезона во Првата лига назначи нов спортски директор.
За нов спортски директор на Македонија Ѓорче Петров е назначен Дејан Цветановски , кој ќе ја извршува оваа функција во иднина.
“Почитувани љубители на ракометот во Ѓорче, со големо задоволство Ве известуваме дека Дејан Цветановски-Џук ја превзема функцијата спортски директор во нашиот клуб. Му посакуваме успешна работа и квалитетно решавање на предизвиците во менаџирањето”, – стои во објавата на Рк Македонија Ѓорче Петров.

(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷








