Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 9. коло од Супер лигата.
Судиската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер, додека делегати ќе бидат Душко Камишевски и Лери Мирчески.
Натпреварот меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 1 ноември со почеток од 17:45 часот во салата “Јане Сандански”, во Скопје.
(фото – Архива)📷








