Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 8. коло од групната фаза од Женската Супер лига.
Судиската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат дербито меѓу екипите на Чаир и Ѓорче Петров, додека делегат ќе биде Александар Стефановски.
Натпреварот меѓу екипите на Чаир и Ѓорче Петров ќе се одигра на 8 ноември (недела) со почеток од 18:00 часот во Скопје (Чаир).
(фото – Архива)📷








