Динамо Букурешт се засили со Александар Цениќ од Барселона Б

Екипата на Динамо Букурешт од Романија, иако следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите, сепак ќе има добар тим за домашните натпреварувања.

Тимот на Динамо Букурешт се засили со Александар Цениќ, кој доаѓа од екипата на Барселона Б, и настапува на позицијата десно крило.

Тој потпиша договор со Динамо Букурешт на една година. Десното крило Александар Цениќ во тимот на Барселона Б настапуваше три сезони.

(фото – Рк Динамо Букурешт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.