Екипата на Динамо Букурешт забележа минимална победа на гостувањето кај Порто со 31-32 во Лигата на шампионите. Најефикасен во составот на Динамо Букурешт беше Пасквал Гарсија со шест погодоци, додека кај екипата на Порто најефикасен беше Магалаеш исто така со шест погодоци.
Барселона го совлада тимот на Веспрем со конечни 35-30 во натпревар од Лигата на шампионите. Најефикасен во екипата на Барселона беше Дика Мем со седум голови, додека кај екипата на Веспрем најефикасен беше Омар Јахија со осум погодоци.
Резултати од 12. коло од Лигата на шампионите (мажи):
Барселона 35-30 Веспрем
Порто 31-32 Динамо Букурешт
ПСЖ 33-30 Фленсбург
Пик Сегед 28-26 Мешков Брест
(фото-ЕХФ)📷