Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави распоредот во главната фаза од Лигата на Европа во машка конкуренција.
Екипата на Вардар во главната фаза ќе игра против екипите на Мелсунген од Германија и Бенфика од Португалија.
Тимот на Вардар почнува на 17 февруари со гостински меч во во Португалија, завршува на 10 март кога треба да патува во Германија. Во меѓувреме два домашни меча во СЦ „Јане Сандански“.
Лига на Европа (мажи), главна фаза, распоред на натпревари:
Бенфика – Вардар
Вардар – Мелсунген
Вардар – Бенфика
Мелсунген – Вардар

(фото – Рк Вардар 1961)📷








