Дмитриј Тихон е нов тренер на Мешков Брест

Екипата на Мешков Брест доведе привремен тренер, откако поради ситуацијата меѓу Русија и Украина, тренерот Даниел Гордо го напушти белорускиот тим.

За привремен тренер назначен е 44-годишниот Дмитриј Тихон. Дмитриј Тихон во својата тренерска кариера работеше како главен тренер на Грондо Кронон, потоа во Биала Подалски во Полска, а сега го презема Мешков Брест.

“Не одвоив време ни да размислам за понудата. Совршено го разбирам нивото на тимот. Подготвен сум да му помогнам на тимот во тешката ситуација,” – изјави тренерот Дмитриј Тихон.

(фото-Рк Мешков Брест)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести