Екипата на Охрид забележа победа против екипата на Вардар со конечни 29-27 во финалето на турнирот “Крсте Андоновски”.
По завршувањето на турнирот во Охрид беа доделени индивидуални признанија и награди за најдобрите.
За МВП беше избран Доминик Мате од Охрид, најдобар голман беше Дино Славиќ од Охрид, најдобар стрелец беше Абделрахман Ашраф од селекцијата на Египет, а најдобар дефанзивец беше Марко Мамиќ од Загреб.

(фото – Меѓународен ракометен турнир “Крсте Андоновски”)📷








