Драчево со три бода се враќа од гостувањето кај Преспа

Ракометарите на Драчево со победа се враќаат од гостувањето во Ресен кај екипата на Преспа, откако ја совладаа со 25-15.

Драчево на полувреме имаше високи 11-3. Во второто полувреме Драчево продолжи да го полни голот на Преспа, и да ги освои бодовите.

Најдобар стрелец во тимот на Драчево беше Ѓорѓи Дука со девет гола, додека кај екипата на Преспа најдобар стрелец беше Бојан Поповски со шест гола.

(фото – Рк Драчево)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.