Екипата на Драчево Јуниор забележа убедлива победа против екипата на Јехона со конечни 43-25 во Првата лига.
Составот на Драчево Јуниор и на полувреме водеше со 21-15, па на крај да слави висока победа против Јехона.
Најефикасен во редовите на Драчево Јуниор беше Виктор Панчевски со 11 гола, додека кај Јехона најефикасен беше Виктор Трифуноски со 10 гола.
(фото – Рк Драчево Јуниор)📷








