Ракометарот од Македонија, Евгениј Темелкоски го продолжи договорот со тимот на ПАОК од Грција.
Прилепчанецот Евгениј Темелкоски, кој настапува на позицијата десно крило останува во тимот на ПАОК и следната сезона 2026/2027.
„Многу сум среќен што ќе продолжам во ПАОК уште една сезона. Се надевам дека оваа година ќе ни припаѓа нам и дека ќе ги исполниме нашите навивачи со радост, освојувајќи трофеи. Ајде ПАОК“, – изјави ракометарот Евгениј Темелкоски.

(фото – Рк ПАОК)📷








