Ракометарките на Металург славеа на гостувањето кај екипата на Спартак во Женската Суперлига со убедливи 19-44.
Ракометарките на Металург немаа мака против екипата на Спартак, затоа што во текот на целиот натпревар го имаа водството за на крај со убедлива разлика да слават победа кај Спартак и си заминат со три бода.
Најефикасни во составот на Металург беа Трајковиќ со шест погодоци и Младеновска исто така со шест погодоци, додека кај екипата на Спартак најефикасни беа Гроздановска со седум погодоци и Божиновска со три погодоци.
ЖРК Спартак 19-44 ЖРК Металург

(фото-ЖРК Металург)