Екипата на Прилеп започна со подготовките за сезоната 2026/2027 (ФОТО)

Екипата на Прилеп започна со подготовките за новата сезона во Супер лигата, каде клубот има високи амбиции.

Клубот влегува во новата сезона со јасна цел и амбиции, а првото мерење сили ќе се случи на традиционалниот меморијален турнир „Миле Нешкоски” — настан кој веќе години наназад претставува значаен дел од идентитетот на клубот и потсетник на богатата ракометна традиција во Прилеп.

Тимот на Прилеп се засили со Благојче Трајкоски и младиот Никола Стојкоски, договорите ги продолжија тренерот Наум Танески, Никола Цветаноски, Димитар Димитриоски, а нови имиња се пикерот Петар Маркоски, левиот бек Андреј Стојановски, како и повратникот Стефан Лозаноски.

(фото – Андреј Ристески/Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *