Екипата на Тинекс Пролет стана шампион во кадетската лига во машка конкуренција за сезоната 2025/2026.
Составот на Тинекс Пролет во финалето од Ф4 турнирот за кадети забележа победа против Мулти Есенс со конечни 37-34.
Во натпреварот за 3. место, односно за бронзата составот на Еурофарм Пелистер беше подобар од Охрид со 40-37.
Во првото полуфинале Мулти Есенс славеше против Еурофарм Пелистер со резултат 35-32, додека во второто полуфинале Тинекс Пролет триумфираше против Охрид со 34-25.

(фото – РФМ)📷








