Екипата на Чаир забележа победа против екипата на Куманово со конечен резултат 31-26 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Иако на полувреме беше нерешено со резултат 17-17, сепак на крајот од натпреварот Чаир се радуваше на победа против Куманово.
Најефикасна во редовите на Чаир беше Теодора Гулицоска со девет гола, додека кај Куманово најефикасна беше Нена Нестороска со осум гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷