Екипата на Еурофарм Пелистер ги дозна противниците во групната фаза од Лигата на Европа во машка конкуренција.
Тимот на Еурофарм Пелистер ќе игра во групата Г и за противници ги доби екипите на Гумерсбах од Германија, Ла Риоха од Шпанија и Вибжеже Гдањск од Полска.
Првиот и вториот од сите шест групи продолжува во наредна фаза од Лигата на Европа, додека третиот и четвртиот од Лигата на шампионите ќе им се придружи во наредната фаза.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








