После 18 години шампионската титула во ракомет се враќа во Битола, тоа претставува голем повод за славење.
По тој повод ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ги повикува своите пријатели, симпатизери, навивачи, Чкембари и сите искрени подржувачи на тимот, во сабота заеднички да ја прослават шампионската титула за сезоната 2022/23.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Тиквеш ќе се одигра во сабота, на 27 мај, од 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Билетите за натпреварот ќе се продаваат почнувајќи од петок, 26 мај, од 15:00 часот на повеќе пунктови пред спортската сала „Боро Чурлевски“. Во билетот, по цена од 250 денари, ќе биде вклучена и зелена шампионска маичка, која ќе ја добиете при купувањето на секој билет. Од клубот замолуваат сите да ја понесат со себе и да ја „обои“ спортската сала во зелено за време на натпреварот.
Носителите на сезонски билети на посебен пункт пред салата од петок 15:00 часот бесплатно ќе може да ја подигнат шампионската маичка.
По завршувањето на натпреварот, од 20:00 часот на плоштадот Магнолија во Битола ќе започне централната прослава за сите битолчани, во кој е е предвидена богата забавна, музичка и спортска програма. Деталите околу ракометниот хепенинг ќе бидат објавени на денот на натпреварот.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷