Екипата на Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за дерби натпреварот со екипата на Алкалоид во плеј-офот од Супер лигата.
Натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе се одигра на 01.06.2024 година во сабота со почеток од 18:00 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.
Билетите за натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид се пуштени во продажба по цена од 150 денари средина и 120 денари страна.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷