Екипата на Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Веспрем во рамки од групната фаза од Лигата на шампионите.
Цените на билетите се во продажба по 450 и 550 денари во зависност од седиштата од салата “Боро Чурлевски”.
Натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Веспрем ќе се одигра на 24 октомври со почеток од 20:45 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷