Екипата на Еурофарм Пелистер оствари победа против тимот на Тинекс Пролет со 32-21 во Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот имаше предност, па така стигна до победа против Тинекс Пролет.
Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер беа Богдан Радивојевиќ, Филип Кузмановски, Жарко Пешевски и Денис Васиљев со по четири гола, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Филип Арсеновски со пет гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷