Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Вардар 1961 со резултат 23-22 и го освои Супер Купот на Македонија.
Во првото полувреме се играше гол за гол, па така двете екипи на полувреме заминаа со нерешен резултат од 12-12. Во второто полувреме продолжи играта гол за гол, но на крај во последните секунди Вардар 1961 имаше напад за реми но не го искористи тоа, и тимот на Еурофарм Пелистер успеа со победа да го одбрани Супер Купот.
Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Усама Хосни со седум гола, додека кај екипата на Вардар 1961 најефикасен беше Филип Талески со десет гола.


(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷