Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Охрид со 27-21 и се пласира на Ф4 во Купот на Македонија.
Еурофарм Пелистер го презеде водството на полувреме од 14-11. Во вториот дел битолчани го сочуваа водството, за на крај да забележат победа против Охрид.
Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Стипе Мандалиниќ со осум гола, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Мице Шилегов со седум гола.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷