Еурофарм Пелистер го совлада Татран Прешов во првиот четвртфинален натпревар од СЕХА лигата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа тимот на Татран Прешов со резултат 37-29 во првиот четвртфинален натпревар од СЕХА лигата.

Екипата на Еурофарм Пелистер добро го започна натпреварот, па до полувремето обезбеди предност од 20-17. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер продолжи со водството, па на крај да слави против Татран Прешов.

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Костески со десет погодоци, додека кај екипата на Татран Прешов најефикасен беше Касаткин со девет погодоци.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.