Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против екипата на Гумерсбах со минимални 29-28 во натпревар од Лигата на Европа.
Во второто полувреме беше неизвесно кога се играше гол за гол, но Еурофарм Пелистер го имаше водството од два гола иако Гумерсбах намали, сепак недоволно за победа.
Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер беа Кузмановски со седум гола, додека Нтанзи постигна пет гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








