Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада Тинекс Пролет во полуфиналето од Купот на Македонија со резултат 28-21, и се пласираше во финалето.
Тимот на Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот го презеде водството, па така немаше проблеми околу победата против Тинекс Пролет.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Цветан Кузманоски со седум гола, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Давор Палевски со шест гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷