Европската ракометна федерација (ЕХФ) го потврди учеството на Еурофарм Пелистер за новата сезона во Лигата на Европа.
Македонскиот претставник во групната фаза на Лигата на Европа, Еурофарм Пелистер, е носител пред ждрепката на 17 јули.
Еурофарм Пелистер е во групата на најдобро рангирани клубови во натпреварувањето заедно со Фленсбург, Нексе, Татабања, Савехоф, Извиѓач, Бенфика и Бидасоа Ирун.
Во групната фаза ќе бидат формирани осум групи со по четири екипи. Првопласираните и второпласираните тимови ќе обезбедат место во елиминациската фаза.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








