Екипата на Еурофарм Пелистер загуби од составот на Пик Сегед со резултат 28-27 во натпревар од Лигата на шампионите.
Пик Сегед имаше предност на пауза од 15-12. Во второто полувреме имаше доста тешка борба на теренот, но сепак Пик Сегед триумфираше против Еурофарм Пелистер.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Каспер Кисум со шест гола, додека кај екипата на Пик Сегед најефикасен беше Марио Шоштариќ со седум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷