Тимот на Еурофарм Пелистер лесно се справи со составот на Вардар Неготино, откако триумфираше со убедливи 32-17.
Еурофарм Пелистер во текот на целиот натпревар беше во водство, па за битолчани натпреварот со Вардар Неготино беше лесен тренинг.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Петар Атанасијевиќ со осум гола, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Лазар Адамовиќ со пет гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷