Екипата на Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објави дека организира фан зона пред натпреварот со Ла Риоха во Лигата на Европа.
Во пресрет на натпреварот со Ла Риоха, клубот ќе организира фан-зона под мотото „Осмиот играч“, посветена на навивачката група Чкембари и 41-годишнината од нејзиното постоење.
“Зелен килим. Музика и диџеј. Навивачко шминкање. 360° камера. Клупски производи. Зона за најмладите. Храна и пијалаци. И едно заедничко одбројување пред да влеземе во сала”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








