Еурофарм Пелистер се збогува со седум ракометари

Тимот на Еурофарм Пелистер на крајот на сезоната се разделува со седум ракомери кои заминуваат од клубот на истек на договорот.

Станува збор за ракометарите Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Марио Танкоски, Денис Василев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски.

“Најискрено им се заблагодаруваме за професионалноста и ангажманот на: Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Марио Танкоски, Денис Васиљев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски. Клубот им посакува успеси во новите средини и вратите на Еурофарм Пелистер и град Битола секогаш ќе бидат отворени за нив”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.