Екипата на Еурофарм Пелистер забележа висока победа против екипата на Бутел Скопје со 34-22 во плеј-офот од Супер лигата.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер во текот на целиот натпревар го имаа водството, па на крај да слават против Бутел Скопје.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасков со шест гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Филип Николов исто така со шест гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷