Екипата на Еурофарм Пелистер триумфираше против Вардар 1961 со 29-25, но поради подобра гол разлика тимот од Скопје е лидер на табелата.
Еурофарм Пелистер во текот на целиот натпревар имаше високо водство, но сепак Вардар 1961 успеа да го намали за помал пораз.
Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Домен Тајник и Ненад Костески со по пет гола, додека кај екипата на Вардар 1961 најефикасни беа Лазаревски, Срдановиќ и Родригез со по четири гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷