Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против екипата на Војводина со 30-25 во натпревар од СЕХА лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер добро го започна натпреварот, па на пауза замина со предност од 14-12. Во второто полувреме екипата на Војводина се обидуваше да се врати, но тимот на Еурофарм Пелистер не го дозволи тоа, и забележа победа.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Каспер Кисум со 9 гола, додека кај екипата на Војводина најефикасен беше Никола Ковачевиќ со 8 гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷