Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа на домашен терен против екипата на Динамо Букурешт со минимални 25-24 во 12. коло од Лигата на шампионите.
Иако во текот на целиот натпревар беше неизвесно и драматично, сепак на крај Динамо Букурешт не погоди за реми, па така Еурофарм Пелистер славеше победа.
Најефикасни во составот на Еурофарм Пелистер беа Домен Тајник со шест гола и Филип Кузмановски и Богдан Радивојевиќ со пет гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷