Еурофарм Пелистер ќе настапи на “Турнирот на пријателство”, противник во полуфиналето е екипата на Веспрем

Тимот на Еурофарм Пелистер ги финализира подготовките за новата сезона, во која ќе се натпреварува во домашниот шампионат, Куп и Суперкуп, во регионалната СЕХА лига и во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Овој викенд клубот е почестен со поканата за учество на „Турнирот на пријателството“ во Сакарија, Турција.

Еурофарм Пелистер е една од четирите екипи учесници, а останатите три се Веспрем (Унгарија), Војводина (Србија) и Мешков Брест (Белорусија). Турнирот ќе се игра на први и втори септември, по принципот полуфинале и финале.

Полуфинале: Еурофарм Пелистер – Веспрем ; Војводина – Мешков Брест

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.