Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа победа на гостувањето кај екипата на Скопје 2020 со резултат 34-30 во натпревар од плеј-аутот од Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер 2 и на полувреме имаше предност од 16-11. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Еурофарм Пелистер 2, па на крај да се радува на победа против Скопје 2020.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2 беа Алем Хаџиќ и Богдан Мијушковиќ со по десет гола, додека кај Скопје 2020 најефикасен беше Дамјан Јакимовски исто така со десет гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷