ЕХФ ја одби жалбата на Еурофарм Пелистер за натпреварот со Пик Сегед

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја одби жалбата на Еурофарм Пелистер за натпреварот со Пик Сегед за судиската двојка Гасми од Франција.

Ракометниот Суд на ЕХФ жалбата ја отфрли како неоснована. Еурофарм Пелистер може да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ.

“Протестот беше поднесен поради неколку судиски одлуки. По внимателна евалуација на наводните контроверзни одлуки, советот утврди дека одлуките се засновани на судиските набљудувања на фактичката состојба во текот на натпреварот. Ваквите одлуки спаѓаат во опсегот на Правните регулативи на ЕХФ, како и Регулативите на Лига на шампиони на ЕХФ ќе се сметаат за фактички и затоа конечните одлуки не подлежат на никаков протест”, – стои во соопштението на ЕХФ.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести