Женската ракометна репрезентација на Македонија за ракомет на песок ги започна подготовките за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во Португалија.
Под водство на тренерите Златко Мојсоски и Ања Алтхаус тренингот се одржа на игралиштето на Градската плажа на кејот на Вардар во Скопје.
На претстојното Европско Првенство репрезентацијата на Македонија е дел од групата Б заедно со репрезентациите на Холандија, Украина и домаќинот Португалија.