Жоао Педро да Силва е нов ракометар на Вардар

Бразилскиот среден бек Жоао Педро да Силва од јануари ќе го засили Вардар. Искусниот организатор на игра ќе потпише договор до јуни 2028 година, со што „црвено-црните“ добиваат искусен играч во бековската линија за следните двеипол сезони.

Да Силва (1994) е универзален бек со примарна улога на среден бек, но може да покрие и лева и десна страна. Препознатлив е по брзата реакција во играта, игра „два на два“ со линијата и веруваме дека со таков профил на играч Вардар го ќе добие на поголема разновидност во нападот.

Доаѓањето на Жоао Педро да Силва се вклопува во амбициите на клубот за силна пролетна полусезона во Лига Европа и во домашното првенство, како и во стратегијата да се гради костур на тимот на подолг рок.

Деталите од договорот ќе бидат официјализирани со неговото пристигнување во Скопје во јануари.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *