Вчера во Куманово заврши вториот меморијален турнир “Јасмина Голубовиќ”, кој беше одржан во салата СОУ “Перо Наков”.
Првото место на турнирот го освоија ветеранките од Богданци, второто место им припадна на ветеранките од Струга, додека на третото место завршија ветеранките од Гевгелија, а четврти беа ветеранките од Куманово.
Овој турнир беше организиран од ракометните ветеранки на Куманово, а доби поддршка и од градоначалникот и советот на општината.
(фото – Ракометни Ветеранки на Куманово)📷