Во недела, во СЦ „Борис Трајковски“, во Скопје не очекува завршницата во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.
Во женска конкуренција во финалето ќе играат екипите на Ѓорче Петров и Чаир со почеток од 16:00 часот.
Во машка конкуренција во финалето ќе играат екипите на Еурофарм Пелистер и Алкалоид со почеток од 19:00 часот.
Цената на билетите за двете финалиња во женска и машка конкуренција изнесува 200 денари.

(фото – РФМ)📷