“Средба со легендите” – Еурофарм Пелистер ја активираше својата кампања сите ракометари кои го носеле дресот на клубот најмалку на сто натпревари да добијат сезонски билет и да бидат со клубот на секој домашен натпревар.
Тој е еден од идолите на битолските фанови заради својата посветеност кон клубот и човечност. Цела кариера ја мина во дресот на Пелистер од 1992 до 2012 година. Една полусезона играше за Беса од Косово и три сезони во Грција – две во Костур и една во Птолемаида. 2012 година ја завршува играчката кариера во својот “Пелистер” и истата година е назначен за тренер на младинската екипа со која заедно со Кире Поповски стануваат шампиони на Македонија.
Од оваа шампионска екипа излегоа битолските ракометни бисери Филип Кузмановски и Стефан Дрогришки. Се специјализира за играта во одбрана и покрај физичката градба која беше импресивна. Имаше значајна улога и во соблекувалната како едно од „децата на клубот“. Ги освои сите трофеи на Пелистер до 2006 година, со што е единствен покрај Зарков и Поповски. Настапуваше и за македонската ракометна репрезентација на големите натпреварувања.
Играта во одбрана ја искачи на култно место, така да неговиот пристап кон оваа фаза стана вистинска уметност. И како тренер неговите идеи почнуваат и завршуваат со тимска цврстина и игра во одбрана. Верен „војник“ е на својот Пелистер и денес заедно со Кире Поповски ги тренира сите возрасни категории – од пионери до сениори.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷












