После некое време во Македонија се враќа женскиот ракомет на плажа, каде репрезентацијата ќе учествува на Европско првенство.
Ова Европско првенство ќе се одржи во месец мај во Португалија. За нов селектор е назначен ракометарот на Бутел, Златко Мојсоски, кој исто така е поранешен репрезентативец на Македонија.
Негов асистент ќе му биде поранешната ракометарка на Вардар, Ања Алтхаус. Нов национален координатор во ракомет за плажа ќе биде Марјан Начевски, додека негов заменик ќе биде судијата Сашко Кркачев.
(фото – Рк Бутел Скопје)📷