Зоран Јовичиќ останува тренер на Горење Велење уште две сезони

Тренерот Зоран Јовичиќ го продолжи договорот со екипата на Горење Велење од Словенија.

Зоран Јовичиќ кој има 46 години стигна до титулата шампион во првенството во Словенија, го одведе тимот до четвртфиналето во Лигата на Европа. Соработката е продолжена на уште две сезони.

„Среќен сум што се договоривме да продолжиме заедно. Досега завршивме добра работа, имаме свој систем за едукација на помлади играчи. Во новиот циклус одредени играчи нè напуштаат, одредени нови доаѓаат, а целта е да ја продолжиме нашата приказна со покажување на својот максимум на секој тренинг и натпревар, подигање идни ѕвезди и делување како што сме досега и напредувајќи од игра на игра”, – изјави Зоран Јовичиќ.

(фото – Рк Горење Велење)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести