Судиската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат натпреварот меѓу Алкалоид и Еурофарм Пелистер

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите за 5. коло од плеј-офот и плеј-аутот во Супер лигата.

Судиската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер, додека делегати ќе бидат Ацо Николовски и Марјан Огњановски.

Натпреварот меѓу екипите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер ќе се одигра денеска со почеток од 19:30 часот во салата “Автокоманда”, во Скопје.

(фото – Архива)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *