Екипата на Коњалти, каде настапуваат македонските ракометарки Ивана Гакидова и Моника Јанеска, стана шампион на Европскиот Куп во женска конкуренција.
Коњалти на реванш натпреварот против Гуардес забележа висока победа од 33-20, додека првиот натпревар го загуби со 23-17.
На овој натпревар Ивана Гакидова имаше четири погодоци, додека Моника Јанеска имаше два погодоци кон противничкиот гол.

(фото – ЖРК Коњалти)📷