Вардар утре го игра последниот меч од групната фаза на Лига Европа, и во Скопје гостува екипата на Тулуз.
Мечот нема резултатско значење за двете екипи, бидејќи Вардар сигурно е пласиран во ТОП 16, а Тулуз тука го завршува играњето во Европа.
Тренерот Иван Чупиќ посакува победнички крај на групната фаза од Лигата на Европа и нова радост за навивачите.
„Добра недела е зад нас, две важни победи против Сесвете за пласман во ТОП 16 и потоа во дербито со Охрид. Ни доаѓа Тулуз, овој натпревар нема значење, но играме добро, се спремивме добро и сакаме да запишеме уште една победа да го завршиме групниот дел без пораз на домашен терен. Сакаме да им покажеме на нашите навивачи како Вардар сака да игра на секој натпревар и тоа е мотив за утрешниот натпревар. Мора да дадеме се од себе, со енергија, со говор на тело, со позитива меѓу нас“, – изјави тренерот на Вардар, Иван Чупиќ.
(фото – Рк Вардар 1961)📷








