Во одлична спортска атмосфера и со многу детска енергија, се одржа петтиот по ред ракометен турнир во мини ракомет “5-ка за ракомет”, во организација на ракометната школа „Седмерец“ од Охрид.
Како и минатата година, и оваа година турнирот беше поддржан од Сојуз за училишен спорт-Охрид, а под покровителство на општина Охрид.
На овој турнир учество зедоа 10 екипи од кои 8 екипи од сите основни училишта од градот Охрид, под водство на нивните наставници по спорт,и две екипи од Ракометна Школа Седмерец- Охрид.
Прво место освои Р.Ш. “Седмерец” 2, второ место освои ООУ “Христо Узунов”, трето место освои ООУ “Св. Наум Охридски” и четврто место освои ООУ” Кочо Рацин”.
(фото – РШ Седмерец)📷












