Екипата на Вардар, која продолжува со подготовките за новата сезона ќе учествува на турнирот во Струга.
Иван Чупиќ со порака пред денешниот старт на Вардар на турнирот во Струга, каде тимот ќе игра против екипата на Прилеп во првиот натпревар.
“Турнирот во Струга има голема историја, а и јас сум поврзан со него од периодот кога играв за Вардар. За новите генерации играњето на отворено не е нешто вообичаено. Порано ракометот многу повеќе се играше на отворено, а настапот во сала беше луксуз. Мислам дека ова ќе биде добро искуство за младите играчи, за да ја почувствуваат историјата на турнирот”, – изјави тренерот на Вардар, Иван Чупиќ.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








